Огромен гаф на федерацијата – поканиле погрешен тим во Лигата на шампионите!

Ракометната федерација на Романија направила огромен гаф, кога се работи за претставниците на оваа држава во европските купови, пишува „ГСП“.

Покрај ЧСМ Букурешт и Рапид Букурешт, кои добија право како прво и второпласирани да бидат дел од Лигата на шампионите, федерацијата го поканила и тимот на Таргу Жиу да се пријави за вајлд-карта во елитната конкуренција, иако заврши на десеттото место.

Клубот, кој беше финалист на Купот на Романија, веднаш стартувал со потрагата по финансии за учество во ЛШ и почнал да прави планови за трансфери во играчкиот кадар.

Секторот од романската федерацијата што го работи делот на пријавување на екипите во Европа, направил грешка и поради член од пропозициите за лигата, кој веќе е избришан, сметал дека куп финалистот има шанса за настап во ЛШ и така била упатена поканата до Таргу Жиу.

Сепак по неколку дена била исправена грешката. Таргу Жиу како финалист на Купот на Романија, може да игра само во Лигата на Европа, додека поканата за настап во ЛШ потоа била испратена до Глорија Бистрица, која како третопласирана екипа може