Овче Поле СУ ги стартуваше подготовките, засега без промени во играчкиот ростер

Екипата на Овче Поле СУ, која избори пласман во плеј-оф фазата во Женската лига, ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната.

Тренерот Илија Бетувски на првата прозивка ги имаше на располагање сите ракометарки од есенскиот дел.

Тимот подготовките комплетно ќе ги реализира во Свети Николе, со комбинирани тренинзи во сала и на отворено.

Покрај тренинзите, пред стартот на плеј-оф фазата, екипата ќе одигра  најмалку два пријателски натпревари.

Не е исклучена можноста Овче Поле СУ да се засили со десно крило за натпреварите од пролетниот дел.

Ракометарките на Бетувски во првиот дел од сезоната завршија на 4. позиција во својата група и изборија настап во плеј-офот.