Објавени номинациите за најдобра ракометарка во 2021 година – конкурираат Офтедал, Зади, Тофт…

Откако претходно беа објавени номинациите во машка конкуренција, ИХФ ги објави имињата на ракометарките кои ќе конкурираат за најдобра во 2021 година.

Место во женска конкуренција добија две Норвежанки, две Французинки и една ракометарка од Данска.

Претставнички на Норвешка се Стинe Офтедал и Кари Братсет Дале. Од Франција тука се Грас Зади и Паулета Фопa, додека Сандра Тофт е единствената од Данска.

Гласањето ќе биде отворено од 7. март до 28. март кога ИХФ ќе ја објави победничката.