Обезбедија место во Супер лига, но сега се пред згаснување

Клубот Јединство од Брчко со освојувањето на шампионската титула во Првата лига на Република Српска, обезбеди директно место во најсилната лига на БиХ.

Сепак, клубот нема да се натпреварува во најквалитетната босанска лига, бидејќи не доби поддршка од владата на Брчко Дистрикт за новата сезона. Брчко како посебна административна единица во БиХ има различни правила за распределба на средства на спортски клубови.

Од ракометните школи на Брчко успеаја да просперираат голем број на ракометари кои денес играат низ Европа и во балканските земји. Под знак прашалник е учеството и на вториот претставник од Брчко во Супер лигата, Локомотива.

Со лошата судбина за новата сезона, голем број на ракометари од Јединство се во потрага по нови клубови, дел од нив веќе на своја адреса имаат понуди од клубови од Македонија, Србија и Хрватска.