Норвешка со одлично второ полувреме ја совлада Холандија, Хрватите рутунски против Мароко

Денешниот вечерен термин беше резервиран за натпреварите од групите Е, Ф, Х и Д. Во директниот дуел за првата позиција од нашата Норвешка по одличното второ полувреме го скрши отпорот на одличната Холандија и победи со 27-26, па  со максимални четири бода ќе патува во следната фаза. Хрватска, по лошиот старт успеа да се врати во игра и да слави над Мароко со 36-24 , додека пак Србија и Данска  остварија високи победи над Катар и Тунис.

Холандија-Норвешка 26-27 (17-13)

Холандија фуриозно го започна овој натпревар и уште од самиот почеток покажа дека го напаѓа првото место во групата Ф. Брзата игра на холанѓаните беше нерашлива енигма дури и за една Норвешка која тешко се бранеше од триото Смитс-Стеинс-Бенгханем. Полека но сигурно Холандија уште во раната фаза од натпреварот поведе со +3 (8-5)  и покажа дека на Норвешка нема да и биде воопшто лесно да дојде до првото место. Изненадување за Норвежаните беше одличната игра на холандскиот пикер Бенгханем кој со четири гола ја полнеше мрежата на противникот. Холандија продолжи во пеколен ритам и преку крилото Бумхоувер стигна до највиското водство од 14-8. На спротивната страна расположен за игра беше Јоханесен кој со своите голови од бековската позиција ја одржуваше Норвешка во игра. Токму овој ракометар беше иницијатор на серијата од 3-0  по која скандинавците стопија половина од најголемата негатива, и се приближија на 15-12 на две минути до крајот.  До крајот лалињата постигнаа гол повеќе од противникот за водство од 17-13 на полувреме.

Веќе во вториот дел работите почнаа драстично да се менуваат во корист на Норвешка. Скандинавците полека но сигурно го топеа холандското воство, и со серија од 7-2, преку погодокот на расположениот Јоханесен се вратија во воство од 22-21 во 45.минута.Во продолжение се играше гол за гол, а Смитс со погодок од седум метри израмни на 23-23 на десетина минути до крајот на натпреварот. Во финишот од натпреварот и двете репрезентации го подигнаа на нивото на игра во одбраната и потешко доаѓаа до погодок во противничката мрежа. Рот со погодок го прекина периодот без погодок, за водство на Норвешка од 24-25, а веќе во следниот напад Бартхолд донесе водство од +2 (24-26). Во последните две минути Норвешка успеа да го задржи водството и да слави важна победа од  26-27 со која пренесува максимални 4 бодови во следната фаза.

Останати резултати:

Србија-Катар 34-24 (17-14)

Данска-Тунис 34-21 (19-14)

Хрватска -Мароко 36-24 (15-13)