Нов шок за Целје – само реми кај аутсајдерот Горица!

Словенечкиот шампион Целје на првите три официјални натпревари во новата сезона нема ниту една победа!

Избраниците на Алем Тоскиќ, во првото коло од словенечкиот шампионат загубија дома од Тримо Требње.

Во првото коло од Лигата на шампионите, иако Целје одигра солиден натпревар, на крајот беше поразен од данскиот првак ГОГ Гудме.

Капак на се, беше ремито на гостувањето кај Иванчна Горица, 33-33 во второто коло од словенечкото првенство.

Шанса за прв триумф оваа сезона Целје ќе има на доамшен терен во среда против португалскиот првак Порто.