Нов Французин во Автокоманда – Абдула Мане потпиша за Металург

Три дена по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, Металург се засили и на позицијата лев бек. Нов ракометар на Металург е Французинот Абдула Мане, кој со тимот од Автокоманда потпиша двегодишен договор.

Мане (190/85) е 25-годишен ракометар кој доаѓа од францускиот Дижон, а претходно настапуваше и во Безансон и беше најдобар стрелец на Про лигата, односно Втората француска лига.

Мане игра на позиција лев бек, но е исклучително корисен и како дефанзивен играч. По браќата Њокас, Мане е третиот француски ракометар во Автокоманда, односно седмото засилување на Металург за претстојната сезона.

Покрај Мане, браќата Њокас и Рибеиро, Металург го засилија и пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардакоски.