Нов трилер во Автокоманда – како Алмеида го спаси Куманово од пораз во последните секунди (ВИДЕО)

Актуелниот лидер во домашниот шампионат, Куманово, и понатаму останува без пораз откако на гостувањето во Автокоманда успеа да одигра реми против незгодниот состав на Металург, 22:22.

Кумановки имаа добар тек во првото полувреме и константно беа во водство. Сепак, Металург во второто полувреме успеа да ја подобри играта, направи камбек и пред самиот финиш имаше шанса за сензација.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска во својот последен напад при водство од 22:21 погрешија. Куманово во последните секунди се избори за пенал, кој беше успешно реализиран од најефикасната ракометарка на натпреварот, Алмеида Коста Андреза.

За потсетување, ракометарката од Бразил на првата пресметка во плеј-оф фазата против Металург, исто така постигна гол во последните секунди за нерешен резултат.

Денешната драма во Автокоманда можете да ја погледнете на видеото во продолжение.

Драма во Автокоманда – Куманово избегна пораз со гол во последните секунди!