Нов странец во Алкалоид – доаѓа кубански голман!

По левото крило Арно Бинго, македонскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Алкалоид го договори и второто летно засилување пред стартот на новата сезона во која ќе влезе со големи амбиции, па „македонскиот“ концепт полека се напушта.

Според информациите на 24Ракомет од Франција, станува збор за кубанскиот чувар на мрежата Алехандро Ромеро, кој доаѓа од тимот на Екс Ан Прованс. Ромеро во овој клуб играше две сезони, има добра статистика со околу 30% на одбранети удари.

Во сезоната 2021/22, Ромеро одбрани 195 удари на ривалите, додека во сезоната 2022/23, кубанскиот чувар на мрежата имаше 191 одбрана од 713 шута на противничките ракометари.

Претходно Ромеро три сезони ги бранеше боите на Понто Комбо, исто така клуб од Франција. Има 28 години, како и одлични физички предиспозиции (195/100), а првото негово искуство надвор од Куба беше во Португалија.

Тој беше дел од составот на Порто во 2015 година, а потоа бранеше и за Артистика Де Аванка, како и за шведскиот Онередс, пред да замине во Франција, каде вкупно помина пет сезони.

Тимот од Автокоманда на голманската позиција ги има на располагање искусниот Благојче Трајкоски, како и кадетскиот репрезентативен голман Иван Галевски. Покрај Бинго и Ромеро, тимот на Кире Лазаров ќе донесе уште најмалку двајца странски ракометари.