Ново признание за Томовски, повторно е голман на колото во Бундес (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, кој од следната сезона ќе биде на голот на Вардар, Мартин Томовски вторпат сезонава се најде во тимот на колото во Бундес лигата.

Томовски е голман број 1 во 32. коло од Бундес лигата со што само потврдува дека на секој нов натпревар е во сè подобра форма.

Викендот тимот на Лудвигсхафен забележа важна победа против Балинген и продолжува со трката за опстанок. Улогата на Томовски и понатаму е голема за неговиот тим.

Инаку, Томовски се наоѓа во одлично друштво. Во тимот на колото се и најдобриот Норвежанец Сандер Сагосен, како и главниот мотор во играта на Шведска, Јим Готфридсон.