Ново признание за „Ер Русија“ – Тимур Дибиров е најдобар стрелец во СЕХА!

Иако одамна заврши десеттата сезона од регионалната СЕХА лига, кралот на стрелците беше објавен дури денеска.

Тимур Дибиров е најдобар стрелец со 57 погодоци што беа постигнати на десет натревари во дресот на Вардар (шест од групната фаза, два од елиминациите и два од четвртфиналето).

Тој со головите постигнати против Загреб во четвртфиналето го надмина Оливер Рабек, кој остана на бројката од 48 погодоци.

Русинот имаше најдобро остварување во првото негово појавување во СЕХА, во сезоната 2013/14, кога даде 110 гола на 16 меча, но првпат сега е најдобар стрелец и го наследи минатогодишниот крал на стрелците, Микита Вајлупов.