Ново дерби за Николов и Начевски – ќе им судат на Веспрем и Келце

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите и делегатите за 13. коло во Лигата на шампионите, а најдобрата судиска двојка од Македонија доби нова задача.

Дербито во Групата Б им припадна на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, па тие ќе судат натпревар во Унгарија. Нив им припадна задачата да ја делат правдата на двобојот меѓу Веспрем и Келце.

Дуелот Веспрем-Келце е на програмата на 3 март во „Веспрем арена“ со почеток од 18:45 часот.

Овој дуел ќе има големо значење и за двата тима бидејќи се во горниот дел од табелата во Групата Б.