Нови ракометарки во Скопје за главната рунда

Денес со натпреварот меѓу Холандија и Германија ќе стартува главната фаза на Европското првенство во Скопје.

Како што е веќе познато, во македонската престолнина допатуваа и најдобрите три репрезентации од групата Д, па така на Холандија, Германија и Романија им се придружија и селекциите на Црна Гора, Шпанија и Германија.

Репрезентацијата на Шпанија, која имаше најголеми проблеми на Европското првенство, остана без првите два голмани, за главната фаза ќе биде посилна со средниот бек Силвија Ардериус.

Ракометарката на Малага доби повик од шпанскиот селектор Хосе Игнасио, откако Алисија Фернандез во дуелот против Германија заработи повреда на коленото и нема да биде во можност да настапува на следните натпревари.

Освен во таборот на ,,црвената фурија” нова ракометарка има и во репрезентацијата на Холандија, која денес ќе го има првиот предизвик во главната фаза. Во составот на Пер Јохансон ново име е голманката Клаудија Ромпен.