Новиот вардарец блеска на кадетското ЕП!

Новиот ракометар на Вардар, Андреј Добрковиќ, прикажува одлични партии на кадетското Европско првенство што се одржува во Подгорица.

Тој не настапи на првите два меча во групата кога Црна Гора доживеа порази од Португалија и Хрватска, но на последниот меч против Италија беше најдобар со седум гола во трумфот со 31-22 и беше прогласен за МВП на мечот.

Потоа Црна Гора го почна разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Најпрво загуби од Исланд со минимални 30-29, меч на кој Добрковиќ беше втор стрелец со пет гола, додека во второто коло Црногорците славеа над Полска со 30-27, а средниот бек на Вардар беше најдобар со девет гола и беше МВП на мечот.

Ова значи дека Црна Гора обезбеди место на следното младинско ЕП 2024, додека за кадетското ЕП 2024 ќе игра квалификации, а си обезбеди и билет за кадетското СП 2023 во Хрватска.