Новина од Холандија – ракомет со одење, најстариот играч има 85 години! (ВИДЕО)

Ракометот никогаше не престанува да воодушевува со својата динамичност и брзина што ги привлекува фановите ширум светот. Но во Холандија се појави нов вид на ракомет со малку контакт и без трчање кој е достапен за секого.

Ракомет со одење е начин на играње за забава и уживање играјќи го спортот кој го обожаваат голем број љубители низ светот. Изменетата форма на оригиналната игра е наменета за постари лица кои можаат да одржуваат форма и да спортуваат без ризик од повреда.

Развојот на ракомет со одење започнува во Холандија, земја која е позната по тоа што населението е насочено кон спортување и физичка активност. И покрај тоа што фудбалот и велосипедизмот се главни спортови, ракометот се повеќе станува популарен во последните неколку години. Идејата за ваква игра потекнува од Ракометната федерација на Холандија и Холандскиот национален фонд за стари лица.

Овој начин на играње беше широко прифатен од Холанѓаните, во овој момент најстариот играч има 85 години, а многу луѓе во шеесетите години се активни на теренот. Во ракометот со одење нема официјален пласман, нема резулати, нема ривалство, а дружењето и создавањето нови пријателства се незаменливи на терените на овие натпревари.

Покрај дружењето на терен, играчите ја продолжуваат дружбата и после натпреварите, со разговори за нивните семејсства, сите заедно пијат кафе или дискутираат за актуелни теми што уште повеќе ги поврзува луѓето.

На почетокот на проектот имало само пет луѓе, но постојано заинтересираноста се зголемувала. Популарноста на спортот пораснала и сега и сега има над 30 клубови кои играат ракомет со одење кое се составени од групи по десет до дваесет членови. Најголемиот дел од нив или околу 70% во минатото немале никаков контакт со спортот.