Нова топка, нов ден на СП, ново промашување (ВИДЕО)

Во рамки од второто коло од Светското првенство за кадетки во Македонија, кое беше комплетирано вчера, Јужна Кореја приреди сензација на натпреварот со Германија, триумфираше убедливо, со резултат 34:28 (19:12).

Со победата над Германија, ракометарките на Јужна Кореја обезбедија пласман во главната фаза.

При крајот на првото полувреме од овој натпревар, кој беше одигран во СЦ „Јане Сандански“, повторно се случи комична ситуација поради играњето со новите топки.

Како што е веќе познато, Светското првенство во Македонија е првото официјално натпреварување организирано од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на кое се игра со топка без лепак D60 PRO од јапонскиот бренд Молтен.

Ако нема лепак, тогаш има проблеми: Комични ситуации на СП во Македонија (ВИДЕО)