Новата надеж на Барсa пред преселба во Монпелје

Иако се најавуваше како голема надеж на Барселона за наредните години, сепак, Мамаду Дику е блиску до договор со француската екипа Монпелје, според шпанскиот медиум „Хендбол 100×100“.

Десното крило на Барселона во шпанскиот клуб пристигна во 2018 година и дадената прилика во првиот тим максимално ја искористи. Оваа сезона, Дику настапи на двата натпревари против Елверум во рамките од осминафиналниот двобој од Лигата на шампионите и вкупно запиша девет гола, шест на првиот и три гола на вториот натпревар.

Но, ретко добиваше минутажа во звездениот тим на Барселона, а својата форма ја одржуваше низ настапите за втората екипа на каталонскиот клуб.

20 годишниот ракометар имаше настапи и за младинската и кадетска репрезентација на Шпанија. Во Монпелје, Јанис Лене заедно со Хулиен Бос ја делат минутажата на позицијата десно крило. Дику би требало да биде нивна замена за настапите во францускиот шампионат.