Ништо од комплетна сензација, Фарски Острови убедливо загуби од Унгарија!

Низ Европа силно одекна триумфот на Фарски Острови над селекцијата на Данска на младинското ЕП во Португалија во првото коло.

Сепак, во второто коло Фарски Острови загубија од Словенија, а во третото коло немаа шанси ниту против Унгарија, која денесека славеше со убедливи 40-21

Тоа значи дека Фарски Острови ќе разигрува за пласман од 9 д 16 место, а вториот патник во главната рунда од оваа група Б (покрај Унгарија) ќе се бара меѓу Словенија и Данска.

Во вториот денешен натпревар, Шведска немаше проблеми и ја совлада Хрватска со 27-24.

Скандинавците одат во главната рунда, а доколку Франција слави против Црна Гора што е за очекување, исто така ќе оди во следната фаза, додека двете балкански селекции ќе разигруваат за пласман.