Ниту бундес првакот не остана имун: Фленсбург ги намали платите за 40%!

И покрај ширењето на коронавирусот насекаде низ светот, раководствата на трите најдобри лиги во Европа – германската, француската и шпанската, се уште не решиле да означат крај на сезоните во машка конкуренција.

Дел од клубовите се подготвуваат за најлошо сценарио, а дел се обидуваат со мерки, односно со намалување на платите да спасат што може да се спаси.

Ниту германскиот шампион Фленсбург не остана имун на коронавирусот. Раководоството на овој тим денеска објави дека по разговорите со сите вработени, играчите и стручниот штаб, донесена е одлука за намалување на платите.

Сите прифатиле намалување од 40% на платите до 30 јуни оваа година. Слични мерки донесоа и другите бундеслигашки клубови.