Николов и Начевски на силен двобој во Лигата на шампионите

Средбата меѓу претставниците на Унгарија и Германија во осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Пик Сегед и Кил ќе биде со македонска арбитража откако најдобрите судии од Македонија добија задача да го судат првиот дуел.

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за натпреварот кој ќе биде одигран на в среда со почеток во 18:45 часот и ова ќе биде одлична можност за нова квалитетна средба.

Делегат на овој натпревар ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

Се работи за две квалитетни екипи, но јасно е дека одлуката за пласманот во четврт-финалето ќе падне после одигрувањето на реваншот во Германија.