Николов и Начевски на нова европска задача – ќе судат на дербито во Келце!

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за следното 12 коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, добија нова задача во елитното натпреварување.

Тие ќе го судат натпреварот на колото меѓу полскиот Келце и данскиот Алборг што ќе се игра на 15 февруари од 18:45 часот.

Делегат на овој натпревар ќе биде Конечни од Чешка.

Kелце е во трка по директно место во четвртфиналето на ЛШ, додека Алборг се бори за што подобра стартна позиција пред осминафиналето.