Николиќ и Боризовска станаа шампионки со ПАОК

Двете ракометарки од Македонија, Марија Николиќ и Александра Боризовска, со екипата на ПАОК се израдуваа на шампионската титула во Грција откако во финалната серија беа подобри со 3-0 од составот на Неа Јонија.

На последниот меч, на кој тимот од Солун славеше со 26:25, Николиќ постигна еден погодок, додека Боризовска беше стрелец на два гола.

На претходните два натпревари, исто така подобра беше екипата на ПАОК и триумфираше со 20:15 и 24:18.

Со освојување на денешната титула, раководството на клубот од Солун успеа во зацртаните цели за оваа сезона бидејќи пред неколку месеци беше освоена и титулата во Купот на Грција.

Ова беше вкупно петти пехар по ред за тимот на ПАОК во домашното првенство.