Никлас Ландин најави повлекување од репрезентацијата!

Еден од најдобрите голмани во светот, Никлас Ландин најави свое повлекување од националниот дрес и насочување на фокусот на клупски план, но во данската селекција ќе остане уште некое време.

Со репрезентацијата на Данска посакува да му помогне на својот брат, Магнус Ландин во походот кон освојување на преостанатите медали од големите натпреварувања.

На Магнус Ландин во својата колекција на медали му фалат уште златен медал од Олимписки игри и Европско првенство, тоа е причината  поради која неговиот поискусен и постар брат реши да остане во данската репрезентација.

“Останаа уште две титули кои не ги освоив со мојот брат, Магнус, а тоа се европското злато и олимписка титула. После тоа ќе си заминам од репрезентацијата”, изјави Никлас Ландин.

Тоа значи дека Никлас би требало да се појави уште на ОИ 2021 во Токио и на ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, а потоа да се посвети само на клубот.

Неговиот брат Магнус со репрезентацијата на Данска освои два златни медали од Светските првенства во 2019 и 2021 година. Со Кил ја има освоено и Лигата на шампионите, а пред девет години беше дел од младинската репрезентација на Данска која го освои златниот медал на светското младинско првенство во Унгарија.