„Не сме Нострадамус да предвидиме како ќе се развива коронавирусот“

Првенството во Русија беше прекинато, а Чеховски Медведи и Ростов Дон беа прогласени за шампиони. Коронавирусот не дозволи да се доиграат до крај натпреварите од првенството на Русија, а Купот во машка конкуренција веќе се одигра.

Претседателот на федерацијата на Русија, Сергеј Шишкарев во интервју за руските медиуми зборуваше за предвремениот крај на првенството и состојбата во клуботите од Русија. Меѓудругото тој истакна дека го немаат Нострадамус да предвидат како ќе се развива состојбата со пандемијата и затоа прекин е најлогичното решение.

„Главна причина за прекин на првенството е безбедноста, каква одлука и да донесеме не можеме да знаеме колку е исправна. Треба да се биде Нострадамус за да се предвиди како ќе се развива пандемијата и какви мерки ќе преземат надлежните. Никој меѓу нас не го знае тоа. За клубовите беше јасно дека индивидуалните тренинзи не се она што им треба на ракометарите за одржување на формата. Одложување на првенството за во август не беше опција бидејќи ќе се нарушат подготовките за наредната сезона. Разговаравме со претставниците на клубовите и наидовме на целосно разбирање и поддршка од нив за прекин на сезоната. Ова е заедничка одлука на сите вклучени во ракометот во Русија“, рече Шишкарев.

Во машка конкуренција лидерот на табелата Чеховски Медведи ја одбрани титулата. Нема да има испаѓање од лигата, а ќе влезе лидерот од Виша лига – Сунгул и Суперлигата ќе брои 13 екипи догодина. И шампионот во женска конкуренција Ростов Дон ја одбрани титулата освоена минатата сезона.