Не запира ниту на 45 години – ќе комплетира 21 сезона во Асобал лигата!

Според информациите од официјалниот сајт на последно палсираната екипа во Асобал лигата во моментот на прекинувањето на сезоната, Кањас, голманот на шпанскиот тим ќе го продолжи договорот за уште една сезона.

Иако во текот на изминатава сезона 45-годишниот голман Чави Диаз одлучи да стави крај на кариерата, сепак случувањата со коронавирусот го премислија. Тој го одложи пензионирањето и ќе брани за Кањас барем уште една сезона.

Наредната сезона за Чави Диаз ќе биде 21 по ред како настапува во Асобал лигата. Тој целата своја кариера настапува во првенствата на Шпанија.

Првата сезона ја одигра во 1993 година, а седум сезони играше во Втората лига во земјата. Останатите клубови во кои играше се Академија Октавио, Теукро, Кантабрија, Виља де Аранда и Ваљадолид.