„Не е тајна дека ракометот има проблеми со обложувалниците – има многу чудни резултати“

Претседателот на ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев на прес конференција зборуваше за проблемите што ги создаваат обложувалниците во ракометот.

Шишкарев најави дека сериозно ќе се ангажира да се справи со овој проблем и ракометните натпревари во Русија да не бидат во сенка на обложувалниците.

„Многу чувствителен и деликатен проблем се појави за прв пат во нашиот ракомет. Не е тајна дека имаме проблем со обложувалниците. Има нечесни играчи, има многу чудни резултати на натпреварите. Внимателно ја следиме состојбата и собираме статистички податоци. Доколку имаме некаква потврда податоците ќе ги доставиме до надлежните институции за спроведување на законот и ќе се обидеме ова да го спречиме веднаш. Ќе дејствуваме решително и нема да дозволиме ова да се прошири“, рече Шишкарев за „Брз Центар“.

Во последно време има сè повеќе информации за сомнителни натпревари, не само од Русија туку и од други земји. Спречувањето на влијанието на обложувалниците во ракометот е неопходно за играта да го задржи квалитетот и популарноста.