Не е ПИК Сегед ривалот – КОРОНА може да го елиминира Вардар од Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација објави дека нема да се играат натпревари во европските купови во април и мај поради ширењето на коронавирусот.

Сите дуели што требаше да се одиграат во овој период, сега добија нови алтернативни термини, но и тоа не значи дека ќе може да бидат одиграни.

Ако епидемијата продолжи да се шири, елиминациските средби ќе бидат откажани, и Вардар и ПИК Сегед ќе останат без шанса за борба на теренот.

Доколку елиминациските натпревари бидат откажани, на завршниот турнир во Лигата на шампионите што е на програмата на 22 и 23 август, ќе играат најдобрите четири екипи по групната фаза.

Од групата А во Келн ќе патуваат францускиот ПСЖ и шпанската Барселона, додека од групата Б, во „Ланксес Арена“ би играле Веспрем и Кил, а Вардар би останал по три години без место на завршниот турнир.