Несекојдневно: „Новиот Чупиќ“ даде 30 гола на еден натпревар!

17-годишниот хрватски ракометар Лука Уде Ткалчец од Чаковец, имаше несекојдневно остварување на натпревар од младинската лига.

Десното крило постигна дури 30 погодоци на натпреварот меѓу Чаковец и КТЦ, кој го доби неговиот тим со 44-14.

Тој веќе е дел и од сениорската екипа на Чаковец, па има шанса да игра и со повозрасни ракометари, а неговиот тренер Владимир Чанјуга, вели дека Ткалчец е новиот Чупиќ или Џомба.

„Ма тоа е неверојатно, 30 гола, секоја чест. Тој оваа сезона игра и во сениорскиот тим, тие голови не би ги дал, да не игра сениорски ракомет. Момчето е страшно талентирано. Кога малку ќе зацврсти, ќе биде новиот Џомба или Чупиќ“, вели Чанјуга за хрватските медиуми.

Рекордот на балканските простори (многу веројатно) го држи некогашната македонска репрезентативка Матилда Атанасоска, која постигна дури 33 голови за Кале Кичево на меч против ТК Бренд.

Дали знаете кои се рекордерите во македонскиот ракомет – на еден натпревар постигнале 31 и 33 погодоци!