Несекојдневно – изведе пенал со пируета (ВИДЕО)

На натпреварот од 25. коло во најдобрата лига во Франција екипата на Ним го совлада Данкерк со резултат 34:23.

Со оглед на високиот триумф на домаќинот овој меч ќе поминеше незабележано, но еден седмерец во завршницата привлече внимание.

Јапонецот Косуке Јасухира кој настапува за Ним постигна гол од седмерец на многу несекојдневен начин.

Тој направи пируета на линијата за седум и успеа да постигне погодок. Како изгледаше тоа погледнете во следното видео…