Несекојдневно: Екс голман на Вардар имаше 41 одбрана на два меча!

Некогашниот голман на Вардар, Летонецот Артурс Кугис, имаше несекојдневно остварување на натпреварите против чешкиот Талент Плзен во рамките на Европскиот Куп.

Сегашниот член на Тенакс Добеле, успеа да одбрани дури 41 удари на двата меча против чешкиот тим од второто коло во најслабото европско натпреварување.

Првиот меч од двата што се играа во Плзен, го доби Тенакс Добеле со 31-28, а на овој дуел, Кугис имаше 16 одбрани со 42% успешност.

На реваншот, Плзен победи со 29-25 и со само гол предност во двомечот оди во третото коло на Европскиот Куп. На овој дуел, Кугис имаше дури 25 одбрани или 48% успешност.

Кугис откако замина од Вардар каде што мина само една сезона, настапуваше за шведскиот Варберг, пред да се врати во татковината и да ги брани боите на Добеле.

Костески му даде 12 гола на Добеле, Плзен оди во трета рунда на Европскиот Куп