Костески му даде 12 гола на Добеле, Плзен оди во трета рунда на Европскиот Куп

Македонскиот интернационалец Никола Костески постигна вкупно 12 погодоци за чешкиот Талент Плзен, кој едвај го елиминираше летонскиот Тенакс Добеле во второто коло од Европскиот Куп.

На првиот меч што Плзен го загуби со 31-28, Костески беше прецизен дури 11 пати и беше најдобар на теренот.

На вториот натпревар што чешкиот тим го доби со 29-25 со два гола во последната минута, Костески стрелаше еднаш.

Елиминиран со два порази од хрватскиот Сесвете, беше тимот на ПАОК од Солун каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов.

Во текот на денешниот ден, ЕХФ ќе ги објави шеширите пред ждрепката што ќе се одржи утре, а тогаш Костески и Плзен ќе го дознаат следниот ривал.