Нема натпревар и следниот вторник за Металург, „мечките“ во карантин до 2 декември

Ракометарите на Металург утре нема да го одиграат својот натпревар од Лигата на Европа против Аон Фиверс од Австрија откако гостите поради позитивни наоди на корона кај ракометарите мораа да го одложат дуелот.

Како што стојат работите Металург најверојатно нема да може да го одигра ниту следниот дуел планиран за 1 декември во Скопје против Чеховски медведи.

Причината поради која може да дојде до одлагање и на оваа средба одново е коронавирусот. Има неколку заразени ракометари, а заразен е и тренерот на клубот така што комплениот тим е во карантин до 2 декември.

Ова значи дека покрај натпреварот против Перм во првенството на Русија тешко ќе може да дојде до поместување на времето за карантин и Чеховски медведи нема да може да допатува во Скопје.

Доколку се случи ова тогаш ова ќе биде третиот натпревар на Металург кој ќе биде одложен сезонава и по третпат тоа ќе биде дуел на кој металурзите требашеда бидат домаќини.