Немаат мир од корона – третпат одат во карантин!

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк по третпат оваа сезона заминува во карантин поради коронавирусот.

Во тимот има три нови позитивни случаи, кои заедно со уште седум други ракометари ќе мораат да одат во изолација до 29 ноември.

Оние што беа повредени и немаа контакт со тимот што играше против Чеховски Медведи ќе продолжат со тренинзи.

Сепак поради краткиот ростер мечот со Азоти Пулави што требаше да се игра викендов е одложен, а виси и натпреварот со Адемар Леон во Лигата на Европа.

Претходно беше одложено и гостувањето на Висла Плоцк во Скопје кај Металург, исто така поради коронавирус во двете екипи.