Некој нагоре, некој надолу: Тиквеш првпат за титула, Металург првпат на чекор до испаѓање

Во последните 20 години Металург успеа да освои шест титули во првенството, но сега се наоѓа на чекор од напуштање на Супер лигата.

Со денешното регистрирање на неодиграните натпревари на Металург во Супер машката лига табелата го доби дефинитивниот изглед пред одигрувањето на последното коло кое е на програмата в сабота и недела.

Металург ги загуби сите дуели со 0:10, а остана и без пет бода (за секој неодигран дуел по еден поен) така што ривалите добија по три бода на зелената маса и сега дефинитивно е јасно веќе каква ќе биде ситуацијата во однос на пласманот на тимовите во плеј-оф и плеј-аут.

Како што стојат работите во плеј-офот ќе играат Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Охрид и ГРК Тиквеш. Ова ќе биде прва сезона во која кавадарчани ќе играат во плеј-офот и ќе се борат за излез во Европа.

Во последното коло може да дојде до смена само на дел од позициите односно Еурофарм Пелистер 2 да се најде пред Бутел Скопје или Тиквеш пред Охрид, што ќе биде значајно бидејќи се пренесуваат бодови во разигрувањето.

Пред 26 години Металург ја напушти суперлигашката конкуренција, а тоа се случи 1995/96. Сега тимот ќе се бори за опстанок, но доколку не се најде излез од тешката ситуација може да го однесе во понизок ранг. Доколку не успее тогаш ова ќе биде првпат во последните 25 години клубот да се најде во ваква ситуација и тоа сега како клуб кој веќе има освоено и титули во првенството и Купот на Македонија.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

Според табелата и бодовите е веќе јасно дека во плеј-аут разигрувањето ќе се најдат тимовите на Пролет, Прилеп, Струга, Скопје 2020, Радовиш и Металург.