„Некои луѓе повеќе не сакам да ги видам во животот“

Голема прашина се крена околу натпреварот меѓу Словенија и Србија, по обвинувањата на Србинките дека словенечкиот табор го снимал нивниот последен тренинг.

Целиот случај стигна и до ЕХФ, но од таму велат дека словенечката федерација доби само опомена. Словенецот на клупата на Србија, Урош Брегар, вели дека со некои луѓе од националниот тим на неговата татковина не сака повеќе да зборува/

„Срамота е ова да го користат ЕХФ и Ракометната федерација на Словенија, а на чело е тренерот Аџиќ. Ова ми е многу тешко од една страна затоа што го сметав за спортски колега. Сè уште го убедувам српското раководство дека не ги снимаат нашите тренинзи, а потоа наоѓаат кутии со телефони, ајпади…без зборови сум. Навистина катастрофа. Работев во словенечкиот ракомет долго време и со Аџиќ бевме спортски колеги. Во врска со Крим и репрезентацијата што ја презеде, му кажав многу работи и соработував… и на крајот да го направат ова… Тоа се луѓе кои повеќе не ми требаат во мојот живот“, вели Брегар.

Србија го заврши настапот на Европското првенство со три порази и на 15 позиција, додека Словенија има 4 бода и останува во трка за полуфинале на континенталниот собир.