Некогаш најдобрата ракометарка на светот сега работи во пекарница

Легендарната ракометарка Светлана Цеца Китиќ, која имаше бурно минато, пред извесен период започна нов бизнис и отвори пекарница. Во истата пекарница, Китиќ работи и успешно чекори кон нов успех.

Најдобрата ракометарка на сите времиња во интервју за српскиот магазин „Свет“ зборуваше за новиот бизнис истакнувајќи дека ништо не и ѐ тешко да работи.

„Јас имам национална пензија, од неа можам нормално да живеам, но зошто да не работам кога можам? Мојата ќерка Мара ми помага во пекарницата, имаме и неколку работници. Купувачите ме гледаат збунето, некој коментираат дека личам на ракометарката Цеца, па на шега велам дека сум помлада и поубава од неа. Би сакала бизнисот да се прошири и еден ден да имаме ланец на пекарници, бидејќи храната е одлична”, изјави Китиќ за српскиот магазин „Свет“

Своите најголеми успеси Китиќ ги оствари во Раднички Белград, освои три европски круни, а има и трофеј во Купот на победниците на Куповите. Во 2010 година беше избрана за најдобра ракометарка на светот од страна на ИХФ.

Најголемите успеси на репрезентативно ниво ги имаше на Олимписките игри со Југославија кога во 1980 и 1984 го освои сребрениот, односно златниот медал.

Кога нејзиниот поранешен тим, Раднички, се натпреваруваше во Регионалната лига, таа беше чест гостин во Македонија.