Некогашниот селектор ја гледаше Македонија, на трибините и Платон, Чупиќ, Нацева…(ФОТО)

Македонија загуби со 20-27 од Словенија во натпревар од 4 коло во ЕХФ Евро Купот и остана без бодови пред двомечот со Норвешка.

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ беа многу познати лица – некогашниот селектор Симе Симовски, екс вардарката Ања Алтхаус, македонската снаа Едуарда Аморим…

Тука беа и некогашните ракометарки на Кометал Ѓорче Петров – Анжела Платон, Мирјана Чупиќ и Гордана Нацева, како и екс репрезентативката Даниела Новеска.

За Македонија останува да го одигра уште двомечот со европскиот и светски првак Норвешка во април.