Некогашниот вардарец замина во легендите – ја одигра последната сезона во кариерата!

Последниот активен ракометар од хрватската репрезентација што беше златна на Олимписките игри во 2004 година е левиот бек Блаженко Лацковиќ. Но и тој веќе замина во легендите и ја заврши богатата 22-годишна кариера во дресот на второлигашот Хамбург.

„Се простувам од активно играње ракомет. Останувам во ракометот, тоа е сигурно, ме интересира тренерскиот занает. Потполно е разчично чувството од она кога си играч, но мене ме интересира. Тоа ми е желба и сега одам во таа насока да станам тренер“, изјави Лацковиќ.

Левиот бек помина две сезони во Вардар и остави солиден впечаток, а претходно беше член на хрватските Вартекс и Загреб, а еден од малкуте ракометари што го носел дресот на трите германски великани – Кил, Фленсбург и Хамбург.

За хрватската репрезентацијата одигра 195 меча и постигна 571 погодок, а освои светско злато на СП во 2003 и олимписко во 2004 година.