Некогашна вардарка се врати во Македонија по осум години

Поранешната ракометарка на Вардар, Екатерина Љубјанаја, која во ,,црвено црното” семејство настапуваше две сезони, по долго време повторно е во Македонија.

Искусната ракометарка заедно со нејзиниот тим Макаби Аразим денес во Автокоманда против Чаир ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел во рамки од третата рунда во Европскиот Куп.

Љубјанаја во Вардар беше меѓу првите засилувања заедно со Ана Виноградова, Екатерина Костјукова, Нигина Саидова, Ина Суслина, Анастасија Светлова и Евгенија Жулкина. По една сезона во првиот тим на Вардар беше прекомандувана во вториот состав.

Русинката во својата кариера настапуваше и за екипите на Боден, Минск, ЦСКА, Луч, Кастамону и Сомбатели.

Натпреварот меѓу Чаир и Макаби Аразим стартува од 18:00 часот во Автокоманда, преносот е на МТВ 2, а судии ќе бидат Беќири и Красниќи од Косово.

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чаир комплетен, Макаби со руско-српски микс