ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чаир комплетен, Макаби со руско-српски микс

Европската ракометна федерација ги објави составите на екипите на Чаир и Макаби Аразим Рамат Ган, пред мечот од третата рунда на Европскиот Куп.

Тренерот на домаќинките, Басри Латифи, немаше проблеми со повреди и Чаир ќе биде со најсилниот ростер.

Израелскиот тим исто така доаѓа со сите ракометарки што настапија и на претходниот двомеч со Куманово.

Тука се руските интернационалки Јулија Хавроњина, Екатерина Лубјанаја и Ана Суботина, како и белоруската голманка Воља Никитина.

Покрај нив, во гостинскиот состав играат Србинките, Анита Чампа и Дуња Тасиќ, како и литванската репрезентативка Јурате Жилинскаите.

Натпреварот стартува од 18:00 часот во Автокоманда, преносот е на МТВ 2, а судии ќе бидат Беќири и Красниќи од Косово.