Недановски: Сите екипи ги респектираме, но целта ни е да завршиме без пораз

Вардар и во 12. коло од домашното првенство освои максимални три бода, и по триумфот 32-27 против Охрид, сега „црвено-црните“ се сигурно првопласирани во групната фаза. Ќе пренесат три бода во разигрувањето за титулата.

На дуелот со Охрид, актуелниот првак во голем дел од средбата играше со првиот тим, иако постојано имаше 5-6 голови предност. Не дозволи тренерот Недановски опуштање во играта, иако во завршните десетина минути шанса добија и неколкумина од клупата.

„И пред почетокот на сезоната реков дека сите екипи ги респектирам, и дека сите ги сфаќаме сериозно. Сите екипи покажуваат дека знаат да играат ракомет и играат и нема потценување кон никого. До крај ни остануваат уште два натпревари, против Куманово и Струга. И нив исто така ги респектираме. Сакаме да го завршиме овој прв дел од сезоната без пораз и да пренесеме три бода. Потоа да размилсуваме за плејофот, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Вардар сезонава игра со изменет состав, но и покарај тоа е главен кандидат за титулата. Најважните мечеви доаѓаат во плејофот, каде ќе се пренесат три бода, и ќе се играат уште 14 кола.

„Од натпревар во натпревар играме се подобор и секако сум задоволен. Очекуваме на пролет да бидеме комплетни во составот и секако размислуваме да бидеме посилни, вели Недановски.

Вардар го победи Охрид и како првопласиран оди во плејофот