Неагу: Не знаеме што ќе биде со нашата пресметка со ЦСКА, жално е ова што се случува во Украина

Екипата на ЧСМ Букурешт ги очекува двомеч со екипата на ЦСКА Москва каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска во рамки на осминафиналето од женската Лига на Шампиони.

Лидерот на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу изрази загриженост за одигрување на натпреварот поради воените операции на Русија во Украина.

“Навистина не знам што ќе биде со нашиот противник во Лигата на шампионите. Штета е што се случува вакво нешто во светот. Во животот има поважни работи од спортот. Ајде да видиме како ќе се развива ситуацијата. Не знаеме што ќе се случи понатаму” изјави Кристина Неагу.

И тренерот на романскиот тим, Адријан Василе изрази загриженост од ситуацијата и се надева дека војната ќе заврши што поскоро.

„Животот ни покажува дека наоколу има посериозни работи отколку што можеме да замислиме. Се надевам дека војната ќе заврши што е можно поскоро, бидејќи ова е голем, голем проблем. Не знаеме што ќе се случи со натпреварите со ЦСКА. Мислам дека тоа не зависи од клубовите“, изјави Адријан Василе.