На Татран Прешов му нема рамен во Словачка – ги победи ривалите во Купот со 38 разлика!

Татран Прешов ја продолжува доминацијата во словачкиот ракомет што трае повеќе од една деценија.

Пред стартот на новата сезона, се одигра завршниот турнир во Купот на Словачка од минатата сезона.

Во полуфиналето, избраниците на Славко Голужа ја победија Шала со 36-15, додека во финалето беа подобри од Повашка Бистрица, вториот по квалитет словачки тим, со убедливи 29-12.

Ова беше 16. титула во Купот за Татран, а во финалниот меч се истакнаа Речичар и Фижулето со по пет голови, додека Џабала, Сантос, Ернандез и Линарес постигнаа по четири погодоци.