НАЈ НАЈ НАЈ…ГОЛОВИ: „Мртов агол“ на Костески, „Злато вреден“ на Кузмановски, „Вртенка“ на Димитриоски…

Во 2022 година имаше многу натпревари на македонските екипи и репрезентации, на нашите интернационалци, во Супер лигата, во Женската лига…

Видовме и многу добри одбрани и погодоци, а дел од најубавите погодоци погледнете ги во продолжение…

Меѓу нив се последниот погодок на Филип Кузмановски на мечот меѓу Македонија и Чешка, со кој го реши победникот на мечот и пласманот на СП. 

Израмнувачкиот гол на Андреза Алмеида во последната секунда на мечот меѓу Куманово и Металург. 

Голот за реми на Јакша Вјештица по истекот на времето од слободен удар за реми на двобојот меѓу Радовиш и Пролет.

Погодокот од левата крилна позиција со „вртенка“ на Димитар Димитриоски на дуелот Ваљадолид – Чисне од Асобал лигата. 

Атрактивниот погодок на Никола Костески од невозможна позиција на мечот од чешкиот шампионат меѓу Плзен и Брно.

и уште многу други…

Филип Кузмановски

Ладен како шприцер – како Кузмановски ја однесе Македонија на СП! (ВИДЕО)

Јакша Вјештица

ЛУД ФИНИШ: Вјештица по истекот на времето го шокираше Пролет (ВИДЕО)

Андреза Алмеида

ДРАМА во Куманово – погледнете го голот вреден бод на Бразилката Алмеида! (ВИДЕО)

Димитар Димитриоски

Атракција на Македонецот: Димитриоски со вртенка ја дигна цела сала на нозе (ВИДЕО)

Никола Костески

Ремек дело на Македонецот: Костески погодува и од мртов агол! (ВИДЕО)