Ладен како шприцер – како Кузмановски ја однесе Македонија на СП! (ВИДЕО)

Македонија после голема борба и ја совлада Чешка со 27:25 и обезбеди пласман на Светското првенство во 2023 година кое ќе се игра во Полска и Шведска. Победата беше потврдена на десетина секунди до крајот со гол од седмерец на Филип Кумановски кој одигра маестрален натревар во текот на сите 60 минути. Победничкиот гол кој ја носи Макеоднија на СП погледенте го во следното видео.