ДРАМА во Куманово – погледнете го голот вреден бод на Бразилката Алмеида! (ВИДЕО)

Куманово и Металург го одиграа дербито во Женската лига во првото коло од плеј-офот. После голема борба Металург беше на чекор до победата, но последното засилување на Куманово, Бразилката Алмеида Коста Андреза не дозволи пораз на нејзиниот нов тим. На неколку секунди до крај гостинките имаа преднсот од 22:23 а Куманово имаше напад за нерешено кој го реализираше Алмеида. Погодокот вреден бод за Кумановки и мајстoријата на Бразилката може да го погледенте во следното видео.