ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Барса и Фуксе пред пласман во ТОП 12, возбудувања во Лисабон

Денеска со пет натпревари ќе биде комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите и ќе бидат познати дел од екипите што ќе продолжат во главната рунда, односно оние што ќе бидат елиминирани и ќе продолжат во Лигата на Европа.

Европскиот шампион Барселона ќе гостува во Букурешт кај Динамо и со триумф ќе го потврди местото во главната рунда.

ГОГ Гудме по триумфот над Кристијанштад во Шведска ќе има шанса со нови бодови да остане во трка по ТОП 12. Ќе има натпревари и во Порто, Монпелје и Лисабон, каде се чини дека ќе биде најинтересно.

Спортинг го пречекува ПИК Сегед, кој се спаси од пораз на домашен терен во Унгарија, но сега ќе има уште потешка задача на гостински терен во Португалија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ГОГ ГУДМЕ – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – СКАНДЕРБОРГ АРХУС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ПОРТО – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)