Атракција на Македонецот: Димитриоски со вртенка ја дигна цела сала на нозе (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски од Ваљадолид имаше одлична партија во Асобал лигата.

Неговиот Ваљадолид славеше на домашен терен против Чисне со 35-31, а Димитриоски беше најдобар стрелец со седум гола од осум обиди.

Вториот Македонец во Ваљадолид, Дарко Димитриевски, беше втор стрелец на овој мч со шест гола од шест обиди.

Еден од погодоците на Димитриоски беше атрактивен и ја дигна цела сала на нозе. Погледнете го погодокот на Македонецот….