Ремек дело на Македонецот: Костески погодува и од мртов агол! (ВИДЕО)

Тимот на Плзен, каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески ја забележа втората победа во чешкиот шампионат.

Талент Плзен на домашен терен немаше милост за составот на Брно и славеше со убедливи 15 гола разлика, 37-22.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше токму македонското десно крило. Костески постигна шест гола, а три од нив беа од пенал.

Еден од погодоците на Македонецот беше вистинска мајсторија и погоди од мртов агол во голот на Брно. Погледнете…