ЛУД ФИНИШ: Вјештица по истекот на времето го шокираше Пролет (ВИДЕО)

Јакша Вјештица донесе огромна радост на трибините во Радовиш постигнувајќи го последниот гол за домашниот тим со кој освоија бод против Пролет, 27-27 (17-15). Откако истече регуларното времето и остана само можноста за удар од девет метри Вјештица најде пукнатина во одбраната на скопскиот тим и топката мина покрај рацете на голманот Петковски. Прво Постолов дојде до линијата од девет метри за да го изведе последниот шут, но потоа по сугестија од клупата тој му ја даде топката на својот соиграч. Вјештица ја презеде одговорноста за последниот шут што им донесе голема радост....